Ракометарите на Охрид на дуелот со втората екипа на Металург 2 во 11-та рунда од Супер лигата се изразити фаворити.
Сезонава, „гладијаторите“ во мечевите влегуваат храбро и без респект кон противникот што им донесе супер позиција по десет одиграни натпревари во елитата.
Исто така треба да биде и против „металурзите“ за продолжување на победничката низа на седум натпревари во серија.
Охридскиот стратег Горан Андоновски најави дека на мечот со Металург 2 ќе ги одмара првотимците и ќе им пружи шанса на помладите ракометари.
Натпреварот започнува во 19 часот, а цената на билетот изнесува 30 денари.
Мх.П.