Прославениот српски кошаркар Дејан Бодирога е нов претседател и директор на Евролигата, одлучија денеска акционерите на најсилното клупско кошаркарско натпреварување во Европа.
Во одлуката се истакнува дека Бодирога во својата нова улога носи знаење и искуство и ќе се фокусира на зголемување на квалитетот на натпреварувањето во интерес на клубовите, играчите, навивачите, спонзорите и сите заинтересирани страни.
Влегуваме во нова ера во Евролигата. Изминатите 20 години ова најсилно европско кошаркарско натпреварување стана моќно во глобалниот спорт. Се радувам на надградбата и ширењето на влијание на Евролигата и Еврокупот, изјави Бодирога по стапувањето на должноста.
OhridNews