Охриѓанецот Гоце Мојсоски во фитнес центарот „Фит Форм“ ги започна подготовките за двата настани кои го очекуваат во новата 2019 година.
Повеќекратниот шампион во средна категорија во Македонија ќе учествува на шведскиот Гран при во Малме кој ќе се одржи од 12 до 14 април и на Европското првенство во Санта Сузана, Шпанија од 1 до 6 мај.
- За оној кој сака да се натпреварува мотиви има секогаш. За мене не се потребни дополнителни, бидејќи го сакам овој спорт. Ништо не планирам, туку се водам на она што го сакам. Посакав да се натпреварувам во Шведска и да ги одмерам силите со најдобрите боди билдери од Европа во Шпанија. – изјави Мојсоски.
Минатата 2018 година беше доста плодна за Мојсоски кој го осви третото место на Диамонд купот во Романија, финишираше на 11-то место на Арнолд класик кој се одржа во Барселона, а успеа да ја одбрани титулата на нациолано ниво.
Мојсоски упати огромна бладарност до Општина Охрид, Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ и спонзорите кои му помагаат да биде дел од сите собири каде учествуваат квалитетни и докажани боди билдери.
OhridNews