Ракометарите на Охрид одиграа нерешено 23:23 (12:11) со вториот тим на Еурофарм Пелистер, во последното коло од плејофот во Супер лигата, со што и официјално е спуштена завесата во натпреварувачката 2021/22 година.

Ова беше само втор бод за „гладијаторите“ во разигрувањето, во кое Вардар ја одбрани титулата пред Еурофарм Пелистер, Бутел, Тиквеш, Е. Пелистер 2 и Охрид.

По завршување на сезоната најавени се промени во ГРК Охрид речиси на сите нивоа, а клубот кој е редовен учесник во плејофот во најсилната домашна лига најавува конкурентн состав за следнатѕа натпреварувачка сезона.

Г.М.