Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ја посети АД Македонска навигација (М-Нав) и изврши увид во новата опрема чие поставување е во тек, при што напомена дека со оваа опрема дополнително ќе се зголеми квалитетот на воздухопловната навигација и ќе се подобрат условите за работа на претпријатието.

Како што информираат од Министерството, Бочварски работната посета на претпријатието ја оствари заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и државниот секретар Митко Трајчулески.

Бочварски во посета на М-Нав: Нова опрема за подобрување на условите за работа

Драго ми е што она што го договоривме се реализира и на дело. Со набавката на новата опрема ја подобруваме воздухопловната навигација и обезбедуваме подобри услови за функционирање на М-Нав. Наша обврска е вработените да бидат задоволни, системот да функционира беспрекорно и услугите кои ги нуди оваа компанија да бидат на едно повисоко ниво. Сакам да потенцирам, продолжуваме со заеднички координации да работиме за целосно реализирање на преземените обврски од двете страни, изјави Бочварски по средбата со претставниците од менаџментот и синдикатот на М-Нав.

Бочварски во посета на М-Нав: Нова опрема за подобрување на условите за работа

Средбата со раководството и со претставниците на Синдикатот при М-Нав е дел од заедничкиот договор на Министерството за транспорт и врски и М-Нав, со цел изнаоѓање заеднички решенија за подобро функционирање на претпријатието.

OhridNews