Министерот за транспорт и врски Благој Бовчарски апелира да се закаже седница на собраниската Комисија за транспорт и врски за да усвои законот со којшто преку Анекс на Договорот за автопатот Кичево-Охрид ќе се продолжи рокот за неговата изградба. На терен има градежни работи, но како што посочи, динамиката не може да биде со потребното темпо, токму поради тоа што постојат институционални пречки кои треба да се решат во моментот во Собранието.
Анексот за израдба на патот Кичево-Охрид, односно законот што треба да се усвои е во Собранието. Поради изборите Собранието не заседаваше, но денеска јас би сакал да го упатам апелот до собраниската Комисија за транспорт и врски веднаш да се закаже таа седница за да се усвои анексот за продолжување на рокот за изградба на овој автопат, бидејќи без тоа ние не можеме да имаме сериозни високи градежни активности во рокот на наредниот период, изјави денеска Бочварски при увид на изградба на патот Блаце-Скопје, одговоарајќи на новинарско прашање.
Во договорот, дополни, се сите детали да овој автопат, а планот е да се заврши до крајот на 2023 година и тоа со максимални напори.
Информираше дека Министерството за транспорт и врски во овој момент работи на новите 70 инфраструктурни проекти за 25 отсто од трасата што се репроектираше. Од 70 проекти, 50 веќе се одобрени, а со очекува до крајот на овој месец да бидат одобрени сите 70 со што, псоочи, трасата веќе се ослободува.
Има фронт за работа. Прашањето е колку поскоро Собранието ќе го усвои законот за продолжување на рокот за да можат компаниите да влезат со работа и да продолжат. Ние го пуштаме апелот и апсолутно од исклучително значење е не за една друга, трета политичка партија, ова е најмногу важно за граѓаните, за државата да конечно го комплетираме овој Коридор 8, рече Бочварски.
Изградбата на автопатот, во должина од 57 километри, стартуваше во 2014 година. Требаше да биде готов до 2018 година, но според образложението на надлежните институции поради пропусти во проектирањето, со анекс на Договорот рокот беше продолжен 30 јуни годинава.
OhridNews