Охридскиот фудбалски стратег Драган Бочевски додаде три фудбалери во шампионскиот мозаик на Пелистер, кој оваа сезона треба да го склопи и конечно донесе трофеј во Битола.

Нови фудбалери во редовите на битолскиот прволигаш се бугарските интернационалци Димитар Воденичаров, Мартин Ковачев и Љубомир Љубенов кои треба да ја засилат конкуренцијата во екипата.

Пелистер по пет одиграни натпревари со осум бодови се наоѓа на петтата позиција и заостанува два бодови зад лидерот на табелата Хоризонт Турново.

Мх.П.