Охридскиот стратег на клупата од Пелистер, Драган Бочески е задоволен по нерешениот исход на „еден два“ пресметка со Хоризонт Турново под Тумбе Кафе.
– Одигравме одличен меч против еден добар Хоризонт Турново. Имавме многу можности да го отвориме резултатот, па дури и со 1 или 2 фудбалери помалку. Вистинска штета што на крајот не се радувавме на трите бода. Но нема што да му замерам на моите фудбалери, покажаа витештво, а за публиката немам зборови. И кога останавме со човек, па и со два фудбалери помалку „Чкембарите„ беа со нас и до крајот издржавме, па дури и постигнавме гол за победа, кој судиите го поништија заради офсајсд – рече Бочески.
Битолчани мечот со Хоризонт Турново го завршија со девет фудбалери откако главниот судија Мечкароски ги исклучи Драгарски и Китановски.
По три одиграни натпревар Пелистер има седум бодови исто колку Турново и Брегалница на врвот од табелата.
извор : „pelisterfc“
Мх.П.