Во последниот контролен натпревар во Охрид, битолски Пелистер на „Атина Бојаџи“ со 2-1 го совлада Напредок.

„Зелено белите“ поведоа во 20-та минута со голот на бугарскиот интернационалец Љубенов. Во средината од вториот дел избраниците на охридскиот стратег, Драган Бочески кој долги години беше на клупата на Напредок го зголеми водсвото со голот на Бурхан.

Почесниот погодок за кичевчани го постигна Стојаноски, кој ја погоди мрежата на Пашовски од 25 метри.

До почетокот на првенството двете екипи подготовките ќе ги одработат во своите матични градови.

Мх.П.