Охриѓанецот на клупата на Напредок, Драган Бочески влезе во потесниот избор за најдобар тренер за 2012 година. Конкуреција на охридската фудбалска легенда за најдобар тренер му се сегашниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓоргиоски и Влатко Костов.


За тренерот на кичевчани Бочески оваа е втора шанса за добивање на наградата за најдобар тренер откако во 2010 претрпи пораз од Влатко Костов.  

Во конкуренцијата за најдобар македонски фудбалер во странство се капитенот на репрезентацијата Горан Пандев, фудбалерот на Мајнц, Николче Новески и Агим Ибраими.

Тројца фудбалери кои ќе се борат за приматот најдобар фудбалер во домашното првенство се Крсте Велкоски (Работнички), Фисник Нухии (Ренова) и Остоја Степановиќ (Вардар).

ФФМ на 27 декември со церомонија во Музејот на македонската борба ќе ги круниса најдобрите за 2012 година. Традицијата да бидат одбирани најдобри во сите категории датира од 1994 година.

Годинава асови ќе се прогласуваат во 16 категории и тоа најдобар фудбалер од домашните првенства и странство, млад фудбалер, женска фудбалерка, тренер, екипа, футсал фудбалер, судија и разно разни спортски работници.

Минатата година прогласувањето помина без финална церомонија и наградите се доделуваа на натпревари откако тогашниот претседател Харалампие Хаџи Ристески изјави дека во ФФМ немаат доволно финански средства за организирање на таква манифестација.

Мх.П.