Погонот на ФК Напредок од денес се враќа на редовните обврски. Охриѓанецот Драган Бочески одлучи кичевскиот прволигаш да започне со зимските подготовки.

И покрај студеното време и снегот, очекувам подготовките да поминат без поголеми тешкотии. Мислам дека до 1 март, кога е стартот на пролетната полусезона, ќе успееме да ги оствариме сите зацртани планови. Не’ чека исклучително тешка и неизвесна пролет и борба за опстанок во лигата  – вели Бочески.

Напредок поголемиот дел од подготовките ке ги помине во базата во Крушино, додека контролни натпревари ке игра во Охрид.
 
По првиот дел од сезоната со 14 освоени бода Напредок се наоѓа на дното на табелата.

М.П.