Не размислувам за Охрид во моментов, целта е да се обезбеди
опстанок со Напредок, а подоцна ќе ги разгледуваме опциите
– вели Драган
Бочески, еден од најсериозните кандидати за испразнетото место на охридската клупа..


Бочески кој по оставката на Ѓорески е поврзуван со тренерското место во
новиот прволигаш Охрид, вели дека во моментов е фокусиран на бараж мечот
со Тиквеш.

Полни раце работа за македонскиот селектор  за селекцијата до 19 години, Драган Бочески кој по одиграниот квалификациски циклус во Турција го очекува најважниот натпревар во сезоната со кически Напредок.


Целата сезона се сведува на 90 минути, на еден меч кој мора да се добие за да се опстане во елитата. Кичевци кои на половина етапа котираа високо на табела, серијата негативни резултати во третиот круг ги смести во квалификацискиот бараж против Тиквеш.

Само победа е во нашите мисли. Имаме квалитетен тим кој убеден сум може да го совлада противникот и в година повторно да биде дел од првата лига. Сигурно дека тоа е моја желба но и желба на фудбалерите  – вели Бочески.

Бараж мечот Напредок – Тиквеш се игра на неутрален терен во  Скопје, на стадионот во Ѓорче Петров. На останатиот бараж меч во Прилеп играат Скопје и Миравци.


Според пропозициите, на бараж средбите ќе се играат  продолженија доколку нема победник во регуларните 90 минути, а потоа е предвидено изведување на удари од белата точка.

М.П.