Кичевски второлигаш Влазрими ги заврши десетдневните подготовки во Охрид. Тренерот на екипата Драган Бочески максимално е задоволен од подготовките и одиграните четири контролни средби.
– Во Охрид едноставно неможам да не бидам задоволен. Играчите десет дена поминаа заедно, го кренавме тимскиот дух, трениравме сите како еден и одигравме контролни средби – рече Бочески.
На мечевите одиграни во Охрид фудбалерите на Влазрими забележаа една победа Ренова 3-1, реми со Металург 2-2 и порази од Шкупи 2-1 и Јавор 3-0.
– Пробавме речиси се на натпреварите во Охрид. До почетокот на првенството ќе одиграме уште неколку на кои ќе ја доведеме формата на највисоко ниво – заврши Бочески.
Влазрими се наоѓа на втората позиција на табелата со 22 бодови исто колку и Гостивар, кој е третопласиран.
Мх.П.