Екипата на Пелистер предводена од охридскиот стратег Драган Бочевски на клупата забележа минимален триумф 1-0 над Работнички во првиот натпревар од 1/4 финалето во Купот на Македонија.
– Ништо не е готово ова е само едно полувреме. Играа две изедначени екипи и детали решаваа околу финалниот исход. Задоволен сум што екипата реагираше по поразот од Вардар и одигравме дисциплинирано и конкретно. Сега се насочуваме кон мечевите од првенството, а се надевам дека и во реваншот со Работнички ќе бидеме максимално концентрирани – рече Бочевски.
По поразот од Вардар во супер дербито Пелистер забележа пад на првенствената табела од четири места и сега се наоѓа на четвртата позиција со два бода помалку од лидерот Металург.
Мх.П.