Ибраниците на охридскиот стратег Драган Бочевски забележаа сензационална победа против Металург на „Железара“ со 4-2. Херој на „зелено белите“ беше бразилскиот интернационалец Жуниор, кој ги постигна четирите погодоци.
– Нема што да се каже после победа над Металург и тоа на негов терен. Морам да ги пофалам и да им честитам на моите играчи кои одиграа феномеланен натпревар, а посебно Жуниор, кој беше неверојатен – изјави Бочески за „Македонски спорт“ по мечот со „металурзите“.
Со триумфот среде Скопје битолскиот прволигаш се израмни на врвот од табелата со Работнички и Вардар додека Металург со еден помалку е на четвртата позиција на табелата.
Мх.П.