– Не очекува тешка битка. Во Кичево дојдов на три кола пред крајот и ќе биде тешко но ние нема да се предадеме и се додека има шанса ќе се бориме – вели Бочески.
Кичевци засега го осигураа потписот на Танчески, а во план се да потпишат со уште двајца фудбалери.
Контролните средби кичевци ќе ги започнат на 30 јануар кога играат против Охрид. На 3 февруари ќе играат против Силекс, на 7 против Победа, а на 21 против Ренова. Во план се да одиграат уште два натпревари на 11 и 15, но противниците ќе бидат дополнително познати.