Без голови и без победник заврши дерби средбата Вардар – Пелистер во 29-та рунда од Првата македонска фудбалска лига. „Зелено белите“ ја исполнија мисијата и од „Филип Втори“ заминаа непоразени со еден бод во рацете.
– Мислам дека моите фудбалери играат концентрирано и дисциплинирано. Игравме организирано и не му дозволивме на противникот да создаде многу шанси. Штета што прекрасниот завршен контранапад не го реализиравме со гол на Анастасов, тогаш нашиот настап ќе беше комплетен. Но и вака имаме солидна ситуација пред нас и сами зависиме за нашата судбина. Мора да одиме меч по меч и да се насочиме кон саботниот меч со Работнички – рече Бочески.
До крајот на македонскиот шампионат Пелистер има четири екстра квалитетни противници и тоа Работнички и Брегалница на домашен терен и Турново и Шкендија на гостински.
Мх.П.