Се уште се чека на првата победа на македонската репрезентација до 19 години под палката на охриѓанецот Драган Бочески. Во досега одиграните натпревари под водство на Боче, Македонија претрпе два порази од Црна Гора и одигра две ремија против Словенија.


 – Натпреварите со Словенија беа добра проба за да го видиме квалитетот на репрезентативците со кои располагаме во пресрет на квалификациите за ЕП во Босна и Херцеговина. Ова е  четврти натпревар во која ја предводам репрезентацијата до 19 години и морам да кажам дека од натпревар во натпревар играме се подобро. Ова ми дава надеж дека до почетокот на квалификациите, во септември и октомври ќе го извадиме најдоброто од овие играчи – рече  селекторот Бочески.

Македонската репрезентација во квалификациите за европското првенство во БИХ , покрај домаќинот ќе игра против селекциите на Чешка и Белорусија.

Наредниот месец надежите ќе одиграат тест средби против соодветната  селекцијата  на Полска.

М.П.