Драган Бочески седнува на клупата на третолигашот Охрид – Лоте. Бочески по три години поминати на клупата на Напредок од Кичево е слободен и за прв пат во неговата тренерска кариера ќе води клуб од Охрид. 

Со ангажманот на Бочески, нашата цел е јасна, а тоа е пласман во втората лига. Исто така во план сме и на формирање на пионерски и кадетски школи – вели преседателот на клубот Климе Лоте.

Покрај Бочески во клубот како тренери остануваат Димитри Трифуноски и Добре Митевски.  Охриѓани подготовките за вториот дел од сезоната ќе ги започнат во  петок, а во план се и да ги соберат охриѓани кои играат во екипи надвор од Охрид. 

М.П.