Македонската репрезентација до 19 години под водство на охриѓанецот Драган Бочески во Охрид се подготвува за пријателските средби кои наредната недела во Црна Гора ќе ги одиграа против соодветната селекција. За Бочески кој беше помошник на Бабунски во тимот до 21 година, ова ќе биде деби на клупата на надежите.


Репрезентацијата до 19 години ќе остане на подготовки во Охрид до понеделник од каде што својот пат го продолжува за Улцињ-Црна Гора каде ќе одигра два натпревари на 23 и 25.02.2010 .
М.П.