Охриѓанецот Драган Бочески е најсериозен кандидат да седне на селекторското место на репрезентацијата до 21 година. Посебно жешка ќе биде наредната седница на Управниот Одбор на ФФМ на која ќе стане збор за постигнатите резултати на младинските селекции како и евентуалната промена на селекторските места.


На последната седница УО истакна дека не е задвоолен од постигнатите резултати, но имајќи го во обзир важниот меч со Русија се одлучија да не превземаат никаков чекор. На седницата која треба да се одржи во Ноември во целост ќе се разгледа работата на Младинската комисија во ФФМ и настапите на младинските селекции во квалификациските циклуси.


Под знак прашање се местата на селекторот на репрезентација под 17 години, Менсур Јакупи, чија селекција претпре три порази во исто толку натпревари на турнирот во Луксмебруг, а исто така несигурна е позицијата на поранешниот македонски репрезентативец, а сега селектор до 21 година, Бобан Бабунски кој во изминатиот циклус со селекцијата успеа да освои само два бода.


Главен фаворит да седне на селекторската клупа  е досегашниот селектор на репрезентацијата до 19 години  е Драган Бочески кој беше единствениот кој успеа да ја одведе Македонија во наредната квалификациска фаза. Бочески не сакаше да ги коментира ваквите најави велејќи дека ќе се огласи по одржувањето на седницата на УО.

Според нашите сознанија нема да има промена на селекторското место во А тимот, па така Мирсад Јонуз ќе остане на селекторската позиција до крајот на овај циклус.

М.П.