Екипата на охриѓанецот Драган Бочески, Напредок мораше да се задоволи само со реми 1-1 против третопласираниот Милано. Кичевци не успееа да го повторат подвигот кога во првиот дел од шампионатот на стадионот во Кичево ги совладаа кумановци со 1-0.

Имавме убави шанси на резултат 0:0, имавме потоа и водство, но лесно дозволивме по една груба грешка на нашата одбрана сето тоа да се прокоцка– истакна стратегот на кичевци.