Тимот на Пелистер предводен од охридскиот стратег Драган Бочески претрпе пораз 2-0 од Ренова на контролниот натпревар кој се одигра во Охрид.


Во поголем дел натпреварот наликуваше на прволигашки него на контролен. Двете екипи истрчаа со најквалитетните фудбалери што понуди одлична фудбалска престава, но и најавија интересна сезона во елитата.


Пелистер беше тимот што имаше повеќе шанси при резултат 0-0. Најзрелата шанса за погодок ја имаше Алтипармаковски, кој од пет метри биеше над голот.


Казната за нерализираните прилики „зелените“ ги стигна во 71-та минута кога „гипсарите“ поведоа со голот на Емини. Конечните 2-0 ги постави нововлезениот Максути откако најдобро се снајде во грстот фудбалери.


Дамка на одличниот натпревар во Охрид стави Китановски, кој во самиот финиш од средбата заработи црвен картон поради напад на противнички играч.

Мх.П.