Фудбалерите на Влазрими во првиот контролен натпревар ја забележаа и првата победа совладувајќи го составот на Ренова со 3-2.
Ниту дождот, кој непрекинато врнеше во текот на мечот не ги спречи фудбалерите да одиграат прав првенствен натпревар.
Еден од трите голови за кичевачни постигна новата аквизиција Ристе Маркоски, а ревија на погодоци имаше во вториот дел каде паднаа четири голови.
Ренова за четири денови ќе одигра нова контролна средба, а исто и составот на Влазрими, кој ќе се сретне со Шкупи.
Мх.П.