Охриѓаните Драган Бочески и Зоран Левески се најдоа на потесниот избор на Фудбалската федерација на Македонија за најдобри во своите категории.


Драган Бочески е меѓу четворицата предложени кандидати за најдобар тренер. Покрај Бочески на листата се уште Зоран Стратев од Работнички, Влатко Костов помошникот во националниот тим и Тони Јакимоски од Тетекс.


Зоран Левски е кандидат за најдобар играч во футсал. Негови конкуренти се Жарко Наскоски и Агуши Ферит.

М.П.