Екипата на Влазрими со 2-0 го совлада Пелистер во контролниот натпревар, кој двата тима го одиграа во Битола.


Избраниците на охридскиот стратег Драган Бочески успешно ја минаа „генерлката“ пред стартот на полусезоната во Втората лига.

Стрелци на головите за кичевачни беа Зекири и Османи, а мотор на тимот одново беше охриѓанецот Ристе Маркоски.

Во продолжението од Втората лига тимот на Влазрими има големи амбиции, а тие се влез во Првата лига што ќе значи враќање на елитен фудбал во Кичево.

Мх.П.