После победата над Металург 4-2 охридскиот стратег на клупата од Пелистер, Драган Бочески „немаше“ што да каже, а сега по тешкиот триумф извојуван против Гостивар 1-0 имаше само пофални зборови.
– Во завршницата бевме поумешни, похрабри затоа и среќата ни се насмевна, и стигнавме до нашата зацртана цел од овој дуел тоа беа бодовите. Им честитам на две екипи кои одиграа квалитетен фудбал во зимски услови и временските неприлики не ги поколебаа да дадат се од себе. Сакам да им се заблогадарам на нашите навивачи за поддршката која ни ја дадоа на мечот со Гостивар – истакна Бочески.
Трите бода фудбалерите на Пелистер ги лансираше на врвот заедно со лутиот ривал Вардар, кој со 3-0 го преслуша Металург во дерби средбата.
Мх.П.