Фудбалерот за врска Ристе Маркоски е првиот пик на охридскиот стратег Драган Бочески, кој е на кормилото од тимот на Врапчиште.


На охриѓанецот му истече договорот со штипскиот прволигаш Брегалница и е слободен играч. За неговите услуги заинтересирани се Пелистер, Брегалница и уште неколку прволигаши пренесува „Македонски спорт“.

Екипата на Врапчиште и некогашниот второлигаш Влазрими се фузираа и Кичево повторно доби стабилен клуб со прволигашки амбиции.

Покрај средниот играч Бочески на својот список ги има стружанецот Игор Клечкароски, кој порано настапуваше под палката на охридскиот стратег и поранешниот капитен на Напредок, Дејан Цветаноски.

Есенската полусезона во Втората лига тимот предводен од Бочески на клупата заврши на втората позиција од табелата со шест победи, четири реми и четири порази.

Мх.П.