Фудбалерите на Охрид со реми без голови на гостински терен кај фаворизираниот Гостивар ја отворија сезоната во Втората македонска фудбалска лига-запад. Охриѓани во првиот дел беа подобар противник и домаќините благодарание на голманот Јовановски ја зачуваа мрежата „празна“. Гостиварчани во второто полувреме ја презедоа иницијативата, но стопроцетните прилики изостана и мечот заврши со поделба на бодовите.
Средбата комплетно го оправда епитетот дерби на колото. Фудбалерите на Охрид заслужуваат само пофални зборови и честитки за борбеноста, желбата и играта. Бевме присебни во секој момент и знаевме што правиме. Многу ми е криво што нереализиравме една од неколкуте прилики за погодок во првиот дел. – изјави охридскиот тренер Драган Бочески.
Вреди да се напомене дека „рибарите“ дуелот од првата рунда во Втората лига го започнаа со четири младинци од Охрид кои имаат под 21 година и без тројца првотимци (Александар Целески, Шериф Реџепи и Ромео Кочоски) кои паузираа поради картони или повреди.
Во втората рунда од шампионатот „рибарите“ на домашен терен го пречекуваат тимот на Велешта кој на отворањето на сезоната со минимални 1-0 го совлада Кадино.
OhridNews