Серијата од три победи во низа го исфрли кически Напредок, на третата позиција на табелата.

 Победите над Работнички, Металуг и последната против Силекс им даваат за право на “ѓаолите“ да се надеваат на пласман меѓу најдобрите четири во шампионатот.

Ни преостануваат уште три рунди до паузата. Очекувам да продолжиме во исти ритам,а потоа ќе седнеме и ќе правиме математика, што како – вели охриѓанецот Драган Бочески.

Во наредната рунда, Напредок гостува кај Ренова, потоа на домашен терен го пречекува Х.Турново, а во последната рунда оди на мегдан на Вардар во Скопје.

М.П.