Охридскиот стратег на клупата од битолскиот прволигаш Пелистер, Драган Бочески, по преземањето на врвот во елитата не дозволува да го фати еуфорија туку претпазливо како и до сега ќе граба до целта.
– Чекор по чекор ќе одиме кон остварување на нашите зацртани цели и нема никаква потреба од некаква еуфорија. Фаворитската улога им ја препуштаме на другите, а ние на квалитет ќе ги темелиме нашите резултати. Така ќе биде сега и во иднина и единствено што ќе не интересира ќе биде дуелот со наредниот противник – рече Бочески.
Предводникот на „зелено белите“, кој беше избран за тренер на 24-то коло од интернет порталот „Екипа.мк“ против својот поранешен клуб го запоседна врвот.
– Доволно го познавам Напредок и знаев дека ќе биде тешко ако не пристапевме сериозно. Ние така и влеговме во мечот затоа успехот и бодовите не изостанаа – додаде Бочески.
Во 25-та рунда фудбалерите на Пелистер пред своите гледачи го пречекуваат фенерџијата Гостивар, а се освен победа за домаќините би било изнендување „Под Тумбе Кафе“.
Мх.П.