Македонскиот пејач Боби Мојсовски е во војна со еден од членовите на жирито на X Factor Adria, хрватскиот хитмејкер – Тончи Хуљиќ, но само во новиот заеднички видео-запис. Се работи за синглот “Ја би да сан опет мали” кој Боби, Тончи и неговата група Мадре Бадеса премиерно ќе го претстават на 09.06, на „CMC„ фестивалот во Хрватска.
Како што Боби не извести, се работи за дело изработено во Медитерански дух на Далмација, со добро познатиот 7/8 ритам карактеристичен за Македонската култура.
„Се работи за нешто што е уникатно, ново, тотално поинакво од се што сум снимил досега. Неодамна заедно со Тончи снимивме и видео-запис со хумористична и уникатна содржина, меѓутоа, приказната на спотот и стиховите на “Ја би да сан опет мали“ имаат длабоко, метафорично значење кое се надевам слушателите и гледачите ќе го препознаат, а за кое би дискутирал откако ќе излезе овој пакет“. – вели Боби.
Тончи Хуљиќ е еден од најпознатите хрватски композитори, со низа хитови во неговата биографија како: Два пут сан Умра на Оливер Драгојевиќ; Кад би био близу, Не тиче ме се, Минус и плус на групата Магазин, Иде ми – Данијела Мартиновиќ, Уторак – Петар Грашо и многу други.
OhridNews