По двата успешни рок концерти во Охрид и Битола деновиве со камерниот оркестар, нашиот Боби Мојсовски веднаш замина за Сплит каде продолжува со соработката со Тончи Хуљич, еден од најголемите композитори на Хрватска. По нивниот заеднички сингл “Ja bi da san opet mali”, Боби, Тончи и неговиот бенд Мадре Бадеша тргнуваат со низа настапи низ Медитеранот.
Вчера, Боби настапи пред четири-илјадна публика во Сињ, а на 22.08 ќе се одржи уште еден концерт во Дубровник.
Боби најавува низа концерти кои ќе се случат во брзо време, најверојатно по излегувањето на новиот албум на Тончи Хуљич и Мадре Бадеша, а исто така и уште меѓусебни соработки на синглови кои треба да излезат во блиска иднина.
OhridNews