Неодамна, нашиот Боби Мојсовски беше поканет на реномираниот “Славјански Базар“ во Белорусија каде беше член од интернационалното жири на Детскиот дел од фестивалот.

-„Славјански Базар“ е еден од најголемите фестивали со преку 30 учесници, претставници на различни држави. Го пренесуваат 65 телевизии ширум Белорусија, Русија, Украина, Казахстан, Узбекистан, Малта и тн. Ми беше чест што бев поканет да се вратам по петти пат во Белорусија која ми е доста драга и некои од најубавите спомени во мојот живот ги имам баш во Минск и Витебск. – вели Боби.

Покрај тоа што беше член на жири комисијата, исто така, Боби настапи во ревијалниот со преработка на познатата Love me Again на John Newman”. 

Инаку, Боби е вториот претставник на Република Македонија кој успеал да земе Гран При во 2012 на Славјански Базар, по Тоше Проески во 2000 година.

OhridNews