На овогодинешниот МАКФЕСТ 2011, младиот и талентиран пејач Боби Мојсоски го претстави својот нов сингл “Ќе нема следен пат“ чиј текст е на Магдалена Цветкоска, а музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски. Песната иако не успеа да влезе во финалето, беше одлично прифатена од јавноста и доби многу позитивни критики од самата публика.

Овој сингл претставува петти по ред на 19-годишниот oхриѓанец кој постигна големи успеси со нумерата “Те краде тој“ на овогодинешниот „Скопјефест“ 2011 и награди на Фестивалот „Discovery“ во Бугарија и на „Езерските Бисери“.

“Ќе нема следен пат“ претставува втора соработка со овој тим, по синглот “Раце во оган“ кој неодамна излезе во етерот.


Студиска верзија


Настапот во ЖИВО на МАКЕСТ 2011