Додека Боби Кристина се бори за живот на апарати, откако беше пронајдена без свест во својот дом пред неколку дена, семејствата Хјустон и Браун се караат околу организирањето на погребот. Ќерката на Витни Хјустон и Боби Браун е во многу тешка состојба и лекарите тврдат дека мозочната активност и е многу ниска. Прогнозите се лоши, но Боби сеуште е во живот, што членовите на нејзиното семејство изгледа забораваат. Семејствата Хјустон и Браун веќе се караат околу организирањето на погребот.

 

Проблемот настанал во болницата каде што е сместена девојката. Хјустонови одредиле шифра за посети и поставиле обезбедување, така да семејството Браун нема пристап и не може да ја посети Кристина. Еден од членовите на семејството Браун изјавил дека доколку нешто и се случи, тие нема да дозволат кон нив да се однесуваат како кон деца. Овие две семејства завојувале иште на погребот на пејачката Витни Хјустон, кога од нејзиното семејство не му дозволиле на Боби Браун да седне покрај својата ќерка. Боби тогаш го напуштил погребот.