Американскиот пејач Боби Браун бил пуштен од затвор откако отслужил едвај еден од 55 дена затворска казна поради возење во пијана состојба. Американските медиуми пренесуваат дека пејачот бил ослободен после осум часа со елктронска нараквица за следење.

Бил ослободен поради преполните затвори и добро однесување. Тој во февруари бил осуден за возење во под дејство на алкохол и наркотици. Ќе мора да отслужи и четири години неформална условна казна и да заврши 18-месечна програма за одвикнување од алкохол.