Поранешниот сопруг на Витни Хјустон, Боби Браун, напишал сценарио за својот бурен живот и бракот со покојната пејачка. Тој се надева дека во филмот ќе глуми и нивната ќерка, бидејќи бил сигурен дека така филмот ќе предизвика поголемо внимание. Тој веќе некое време се обидувал да го продаден сценариото за својот живот, но сеуште не е познато како неговата ќерка ќе реагира на оваа одлука, бидејќи одлучила да се откаже од неговото презиме и да го земе мајчиното.


Браун сценариото со име “The Bad Boy of R&B: The Bobby Brown Story” го испратил до потенцијалните купувачи пред смртта на Витни, но не наишол на голем интерес. Сега одлучил да го промени приложеното сценарио и во него да ја додаде приказната за трагичната смрт на неговата поранешна сопруга.