Пејачот и поранешен сопруг на починатата пејачка Витни Хјустон, Боби Браун, е осуден на 55 дена затвор откако признал дека минатата година возел во пијана состојба. Од полицијата било соопштено дека Боби бил сопрен откако виделе дека неговиот автомобил се движи чудно, а по сопирањето музичарот паднал на алко тестот. Ова било негово второ апсење за возење во пијана состојба во 2012.
Тој не се појавил на суд, а пресудата била прочитана на неговиот адвокат. Тој би требало да се пријави во затвор до 20 март. Исто така бил осуден и на четири години условно и му било одредено да оди на консултации за алкохолот.