Бобан Николовски денеска ја презеде функцијата директор на Царинска управа од својот претходник Стефан Богоев, кој на оваа позиција беше од јуни минатата година.
Спроведување реформски мерки и политики за постигнување висок и одржлив економски раст, борба со криминалот и сузбивање на корупцијата и сивата економија, предвидливо даночно и регулаторно опкружување и намалување на парафискалните давачки за компаниите како и целосна дигитализација и СМАРТ Царина како дел од владините приоритети за смарт Македонија, се само дел од нашите цели, порачува Николовски.
Николовски е вработен во Царинската управа веќе 15 години, а на функцијата директор доаѓа од позицијата пратеник во македонското Собрание.
OhridNews