Еден од најголемите проблеми после пост шест недели стог пост без масло, е внесувањето мрсна храна со заситени – нездрави масти, може да предизвика шок на организмот, вели фитнес тренерот и нутриционист Бобан Наумоски во емисијата „Напладне“ на Охридњуз. Да не дојдеме до проблеми треба по постот полека да се внесуваат намирници од кои сме апстинирале во постот, советува тој.
Добро е после постот луѓето да земат една доза пробиотик, со цел да се подготват цревата за подобро варење на храната. Колку постот е подолг треба повеќе дена да помина за да влезиме во нормала. Ако сме постеле само една недела, треба во неделата да внесуваме еден до два оброцин кои не биле дозволени и нормално умерено. Кога нешто не ни е дозволено сакаме да го правиме и доколку дојде до прејадување нема бегање од лошите последици, но доколку го правиме тоа умерено нема да има никаков проблем. – истакнува Наумоски.
Не се потребни т.н. детокс третмани, затоа што црниот дроб си ја врши својата работа, посочува Наумоски. Треба да почнеме со физички активности и здрав начин на исхарана и тоа е доволно, додава тој.
Под здрав начин на исхрана се подразбира внесување намирници коишто ќе ни дадат бенефит, односно ќе ги внесуваме доволно макро и микро нутриниенти, но нема да внесуваме намирницин кои се штетни за нашето здравје. – вели Наумоски.
Конзумирање умерено алкохол не е проблем, но прекумерна употреба особено после постење е голем проблем, укажува Наумоски.
Најголемиот проблем е што алкохолот ги уништува позитивните бактерии во организмот, тогаш варењето на храна е побавно и полошо и настанува проблем. После празници најдобро е да се почне со тешна храна, супа како пред јадење, зеленчук и полека да се внесува месо, но попосно, пилешко. Најголема грешка е после пост јадење на јагнешко месо кое е најмрсно. – додава Наумоски.
Фитнесот и вежбањето се повеќе се практикуваат, особено после ковидот, вели Наумоски, додавајќи дека во моментов во Охрид има 30% повеќе вежбачи од порано, што секако треба да радува. Вежбањето, или практикување одредена друга физичка, како и здравата исхрана се вистинскиот начин како да се регулира тежината и да се зачува здравјето, дециден е Наумоски, според кого, разните оперативни зафати кои се нудат како решение за справување со прекумерната тежина не се соодветно решение, дури може да бидат и опасни по живот.
На овие и други актуелни теми од областа на здравјето и здравиот живот, со Бобан Наумоски разговараме во новото издание на „Напладне“.
Бобан Наумоски во „Напаладне“: Внимателно со мрсната храна после постот
OhridNews