Ракометарите на Охрид прокнижија нови три бодови на табелата во Супер лигата, откако на домашен терен во седмата рунда го совладаа составот на Прилеп со 28-21.


– Одигравме добар натпревар. Сите ракометари бевме на висина на задачата и сосема заслужено ги освоивме бодовите против Прилеп на домашен терен. После оној драматичен меч во Битола со Пелистер ни требаше еден ваков меч во кој лесно ќе ги освоиме бодовите. – рече десното крило Бобан Блажески.


Триумфот на прилепските ракометари ги лансираше „гладијаторите“ на врвот минимум до мечот на Пелистер против Борец во Велес.

– Натпреварот не го започнавме онака како што посакувавме, но во вториот дел ги отфрливме сите недостатоци и покажавме дека можеме и знаеме. Сезонава оди според планот, победуваме кога сме фаворити, а играме многу добро против квалитетни екипи. Следниот викенд не очекува меч со Пролет кој исто сметам дека ќе го добиеме иако скопскиот состав воопшто не наивен. – додаде Јовица Младеновски.

„Гладијаторите“ го преслушаа Прилеп

OhridNews