Ракометарот на Охрид, Бобан Блажески стана татко, откако на свет сабајлево донесе здраво женско дете неговата сопруга Наталија.

Станувањето на родител ја заокружи добрата сезона на десното крило, Блажески кој заедно со охридскиот клуб обезбеди пласман во Европа и беше дел од најдобрите четири екипи во Купот на Македонија.

Спортската редакција на Ohrid News им честита на родителите и му посакува долг и среќен живот на новороденчото. Честитки Бобан и Наталија !

OhridNews