„Гладијаторите“ од следната сезона ќе имаат ново десно крило, откако со досегашната прва опција Бобан Блажески ја прекинаа соработката.
Блажески во Охрид пристигна во 2016 година и веднаш се наметна како „прва пушка“ во нападот. Блажески беше дел од екипата која избори пласман и играше во европските натпреварувања.
Популарниот „Пискал“ веднаш најде ангажман и се врати во родниот град Струга. Стружани во името на Блажески ќе добијат ракометар со големо и драгоцено искуство.
OhridNews