Музичката легенда Боб Дилан, познат по тоа што постојано бара нови полиња на интерес има намера да научи да свири на гајда.
Седумдесетгодишниот музичар за време на својот престој во Глазгов, купил шкотска традиционална гајда “R.G. Hardi”, една од најдобрите постоечки марки.
Дилан не дошол лично во продавницата туку испратил некој да го подигне инструментот заедно со прирачникот. „Отсекогаш сакаше да научи да свири на гајда“, вели портпаролката на Дилан, одбивајќи да каже колку ја платил.
Дилан често покажувал интерес за се што е шкотско. Во една прилика изјавил дека една од неговите најомилени песни е шкотска народна песна според која и го направил хитот “The Times They Are A-Changin”.