Еден од најпознатите кантавтори од втората половина на минатиот век, Боб Дилан, се нашол меѓу фаворитите за добивање на овогодинешната Нобелова награда за книжевност, доколку може да се суди на основа на проценките на букмејкерите.


Британските букмејкери поставиле коефициент од 11:1 дека Дилан ќе ја добие престижната награда, а на почетокот на годинава коефициентот икзнесувал 101:1. Со тоа се нашол на четвртото место, а пред него биле сирискиот поет Али Ахмад Саид Асмар, швеѓанецот Томас Транстромер и јапонецот Харуки Мураками. Одлуката за добитникот на Нобеловата награда за книжевност, вредна 1,4 милиони долари, ќе биде соопштена во четврток во Стокхолм.