Легендарната музичка рок ѕвезда, Боб Дилан, на 4 јуни ќе настапи во Скопје.

Неговиот концерт ќе се одржи во Метрополис арената во организација на Авалон продукција, а со подршка на фестивалот “Охридско лето” и Министерството за култура. Воедно, концертот на Дилан ќе претставува предфестивалска активност со која ќе се најави отварањето на годинешното јубилејно, 50- то издание на ” Охридско лето”.
 
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 10-ти мај и ќе бидат со различна цена која ќе се движи од 2. 000 ден. за стоење до 4 000 ден. за ВИП ложа.

Концертот на Дилан во Скопје е дел од неговата турнеја, во чии рамки се планирани и настапи во Софија, Букурешт, Белград и Загреб.

Од ” Охридско лето” информираат дека во текот на идната недела ќе биде објавена официјалната програма на годинешното издание на фестивалот и ќе се објави кој ќе ја има честа да ја отвори оваа реномирана културна манифестација. 

OhridNews