Американскиот музичар, кантавтор, Боб Дилан, е добитник на овогодинешната Нобелова награда, одлучи нобеловиот комитет, јавува „Макфакс“.

Шведската академија за доделување на Нобеловата награда одлучи американската музичка легенда Боб Дилан да ја добие наградата, за „креирање нов поетски израз во американката традиција на пишување песни“.

„Тој е одличен поет. Тој е одличен поет во традицијата на англиско говорно подрачје, и е прекрасен, оригинален пример. Ја отелотворува традицијата и веќе 54 години повторно се открива себеси, креирајќи нов идентитет“, рече во објаснувањето на наградата постојаната секретарка во Шведската академија, Сара Даниус.

Таа како почеток на објаснувањето за доделувањето на наградата на Дилан го посочи неговиот албум „Blonde on Blonde“.

Според статутот за доделување Нобелова награда за литература, се вели дека не мора да се наградува само белетристика, туку и други видови пишувања, кои според нивниот стил и форма, поседуваат летературна вредност.

Боб Дилан е роден 1941 година, во Дулут, САД. Голем дел од најзначајните дела на Дилан датираат од 1960-тите, период кога, против своја волја, тој се претвора во неформален хроничар и единствен гласноговорник на Немирот на Млада Америка. Многу од неговите песни, како Blowin’ in the Wind и The Times They Are А-Changin’, стануваат химни на анти-военото движење и Движењето за Граѓански Права во САД. Неговиот последен албум, Modern Times, пуштен во продажба на 29 август 2006 година, дебитира на американските топ списоци како #1, правејќи го Дилан, на возраст од 65 години, најстарата жива личност што успеала да го достигне врвот во САД.

Во 2015 година, Дилан го објавил албумот „Сенки во ноќта“ (Shadows in the Night) на којшто бил застапени обработки на песните на Френк Синатра, а веќе следната година влегол во славното холивудско студио „Капитол“ за да работи на новиот албум.[8]

Дилан е 259 Американец кој добил Нобелаова награда. Нему ќе му биде доделена наградата од осум милиони круни на 10 декември во Стокхолм.

OhridNews
извор: „Макфакс“