Натпреварите од плејофот во најквалитетната кошаркарска лига во светот НБА се стопирани, откако екипите започнаа со бојкот. На ваков чекор екипите учеснички во плејофот се одлучија поради зголемената агресивност на полицијата кон луѓето со црн тен на кожата во САД.

Прва екипа која го крена гласот против полицијата и државата е Милвоки која не се појави на теренот за дуелот со Орландо. Останатите екипи веднаш му се придружија на Милвоки и воопшто не отпатуваа за мечевите. НБА експресно реагираше и ги стопираше мечевите во плејофот.

Капитените на екипите во специјално направената база во Орландо ќе имаат состанок на кој ќе одлучат како и дали ќе продолжи плејофот. Покрај средбата Милвоки – Орландо синоќа не се одиграа дуелите Хјустон – Оклахома односно Лос Анџелес Лејкерс – Портланд.

Вечерва на програмата се четири натпревари, но и многу прашалници околу возбудувањата во плејофот.

OhridNews