Македонскиот репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб со Фенербахче, во сабота, ќе го има најсериозниот тест во пресрет на новата сезона.
Фенербахче, Во истанбул, ќе одигра контролен меч со еден од најсилните тимови во НБА лигата, Оклахома Сити Тандер.
На клупата на Фенербахче од оваа сезона седи трофејниот тренер Жељко Обрадовиќ, а тимот во летниот преоден рок се засили со Немања Бјелица, Линас Клеиза и Лука Жориќ.
Тимот на Оклахома во Истанбул пристигнал без повредениот Расел Вестбрук, но со Кевин Дурент, Серж Ибака и Табо Сефолоша, кој во минатото беше член на Фенербахче.
„Макфакс“